ИЗВЕСТУВАЊЕ за одржување на Јавна расправа (видео консултација) по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција “

Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на јавна расправа (видео консултација) по Студијата  за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција.

Заради неможност да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа (видео консултација) ќе се одржи на ЗООМ електронската платформа и тоа:

-    На 19 ноември 2020 година (четврток) во 10.00 часот, за заинтересираната јавност од Општина Гевгелија и Општина Богданци која може да се вклучи на следниот линк:

Join Zoom Meeting

https://zoom.us/j/93440221674?pwd=OXp0WVF0Qk1HdzFyLzUrR1NEQ3NtZz09

Meeting ID: 934 4022 1674

Passcode: 502978

 

-    На 20 ноември 2020 година  (петок) во 10.00 часот, за заинтересираната јавност од Општина Демир Капија и Општина Неготино која може да се вклучи  на следниот линк:

Join Zoom Meeting

https://zoom.us/j/98185700425?pwd=RlRUWnJmdERyY2tuUEdwSVVKa1ZnQT09

Meeting ID: 981 8570 0425

Passcode: 836115

Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција“ е доставена од страна на  инвеститорот Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности “Национални Енергетски Ресусри“ со седиште на бул. “Св. Климент Охридски“ бр.58 во Скопје,  до Министерството за животна средина и просторно планирање и истата е достапна за увид  на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Контакт :

infoeko@moepp.gov.mk, по пошта на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица  бр.3, 1000 Скопје.