Новиот десетгодишен национален план за управување со отпад на јавна расправа

Javna_rasprava_nacionalen_plan_za_otpadДенеска се одржа  јавна расправа по Нацрт извештајoт за стратегиска оцена на животната средина за Национален план за управување со отпад 2020-2030 (НПУО) за Република Северна Македонија кој  има за цел подобрување на состојбата со несоодветно управување со цврстиот отпад во нашата држава. Тој треба да овозможи подобрување на стандардите за управување со отпадот од домаќинствата во Северна Македонија, особено проблемите на еколошки небезбедното одлагање на отпадот на општинските и останатите “диви” депонии, кои не исполнуваат никакви еколошки стандарди и кои итно треба да се затворат и да се воспостават регионалните центри за управување со отпад. Новиот НПУО го уредува и управувањето и со индустрискиот, медицинскиот отпад како и со посебните текови на отпад.

Новина во однос на претходниот национален план е тоа што во склоп на овој план се вклучени и програми за посебните текови на отпад (отпад од пакување, отпадни батерии и отпадна електрична и електонска опрема), кои имаат за цел да дадат конкретни насоки за постигнување на целите утврдени во соодветните закони за посебните текови на отпад, особено во делот на количините пуштени на пазрот од овие маатеријали и производи, како и идни предвидувања и трендови на развој во наредниот десетгодишен период.

Според министерот Нурдини, кој ја отвори јавната расправа очекувано е  овој НПУО 2020-2030доведе до потребното подобрување на состојбата со управувањето со отпадот во РС Македонија, и со доследна примена на новото законодавство за управување со отпад на кое МЖСПП работеше во изминатите четири години, да овозможи да се реализираат прeдвидените активностите.