Оглас за полагање на стручен испит Управител со отпад

Врз основа на член 48 од Законот за управување со отпадот „Службен весник на Република Северна Mакедонија“ бр.216/2021), Министерството за животна средина и просторно планирање распишува:

ОГЛАС ЗА ПОЛАГАЊЕ НА СТРУЧЕН ИСПИТ ЗА УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД

1. Секој кандидат кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за управител со отпад треба да ги исполнува следните услови:

-          Да има живеалиште во Република Северна Македонија;

-          Да има завршено најмалку VI степен вишо образование или високо образование со најмалку VII/1, односно диплома со најмалку 180 кредити според европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС);

-          Со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната и

-          Да има најмалку 3 години работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина

-          Потврда за задолжителна обука за управување со отпад/виш управител за отпад од овластено правно лице од страна на МЖСПП

2. Кандидатот кој се пријавува на огласот за полагање на стручен испит за управител со отпад, треба да ги достави следните документи:

-          Барање за полагање на стручен испит во кое јасно ќе бидат наведени генералиите на кандидатот (име и презиме, број на телефон, е-мејл);

-          Лична карта (копија на увид) – за докажување на живеалиштето;

-          Диплома од соодветната област (оригинал или копија заверена на нотар);

-          Доказ за работно искуство по дипломирањето во постапувањето со отпад и/или животната средина;

-          Доказ дека со правосилна одлука не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, сè додека траат последиците од забраната

-          Доказ за уплатени средства како надоместок за полагање на стручен испит за управител со отпад – Уплатница ПП/50 на износ од 12.000 (дванаесет илјади) денари, уплатени на жиро сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање, цел на дознака: полагање на испит за управител со отпад, сметка на буџетски корисник 1210115202631 10,приходна шифра и програма 718112 10.

3. Потребните документи се поднесуваат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр.3, кат 2.

4. Крајниот рок за пријавување за полагање на испитот е до 27.03.2023 година.

5. Првиот дел од испитот се закажуваза ден 05.04.2023 година од 10-15 часот, вториот дел од испитот се закажува на ден 25.04.2023 година од 10-15 часот

6. Програмата за полагање на испитот како и сите материјали може да ги најдете на веб страната на Министерството www.moepp.gov.mk.