Сектор за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА)

IPA Sektor

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е клучен инструмент на претпристапната стратегија на Европската Kомисија. Главаната цел на ИПА е да им помогне на земјите во нивното усогласување со стандардите и политиките на Европската Унија, вклучувајќи го и правото на Европската Унија (acquis communautaire) во процесот на нивно пристапување кон Европската Унија, а воедно и да им се помогне на овие земји да ги исполнат претпристапните критериуми, како и политичките, економските и правните критериуми од Копенхаген за членство во ЕУ, преку зајакнување на капацитетот на администрацијата и подготовка за програмирање, управување и спроведување на кохезивните, структурните фондови и фондовите за рурален развој на ЕУ по нивно пристапување во Унијата.

ИПА 2007-2013 (ИПА I)

ИПА е воспоставен како резултат на реформата на Европската Kомисија за надворешна помош, при што правната рамка за регулирање на односите беше продолжена со подготовката на финансиската перспектива 2007-2013. ИПА е формиран како единствен претпристапен инструмент за периодот 2007 – 2013 година, кој ги замени претходните програми за помош како PHARE, ISPA, SAPARD, CARDS и Инструментот за претпристапна помош за Турција. ИПА е основана со Регулативата на Советот бр. 1085/2006 од 17.07.2006 година (ИПА Рамковна регулатива), додека правилата за спроведување на ИПА беа воспоставени со Регулативата на Европската Комисија бр.718/2007 од 12.06.2007 година (Регулатива за спроведување на ИПА).Во рамките на ИПА I се спроведени повеќе проекти.

Завршени проекти ИПА I (2007-2013)

ИПА 2014-2020 (ИПА II)

ИПА како поддршка на Европската Унија продолжи да функционира и за финансиската перспектива/период 2014-2020 година, преку Инструментот пошироко познат како ИПА II.

Користењето на средствата од ИПА II е определено со соодветните Регулативи (Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 11.03.2014 за воспоставување на ИПА II (Сл. Весник L, 15.03.2014), Регулатива (ЕУ) бр. 236/2014 на Европскиот Парламент и на Советот од 11.03.2014 за утврдување заеднички правила и постапки за спроведување на инструментите на Унијата за финансирање надворешна акција (Сл. Весник L, 15.03.2014) и Регулатива (ЕУ) бр. 447/2014 за спроведување на Комисијата за посебните правила за спроведување на Регулатива (ЕУ) бр. 231/2014 на Европскиот Парламент и на Советот за воведување на ИПА II Сл. Весник L 132, 03.05.2014), според кои ИПА средствата се управуваат на децентрализиран начин секогаш кога е тоа можно. Децентрализираното управување со средствата од ИПА помошта е воспоставено со цел да се овозможи управување со средствата од страна на земјите кориснички на помошта. При децентрализирано управување со средствата од ИПА помошта, Комисијата на Европската унија делегира дел од своите овластувања на земјата корисничка. Пред носење на одлуката за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување за конкретна компонента, програма или мерка на земјата корисничка, Европската Комисија бара исполнување на определени критериумите со кои се однесуваат на системите за управување и контрола, како и условот националнитe акредитации да бидат донесени и влезени во сила. Исто така, пред конечното пренесување на надлежностите за децентрализирано управување, Комисијата повторно ги разгледува националните акредитации, постапките и структурите на секое од телата и органите кои се дел од структурата за управување со претпристапната помош ИПА во земјата корисничка. Одлуката за пренесување на надлежностите за децентрализирано управување со ИПА помошта за имплементација на определена програма содржи листа проверки кои се вршат од страна на Европската комисија.

Завршени проекти ИПА II (2014-2020)

ТЕКОВНИ ПРОЕКТИ

ИПА 2021-2027 (ИПА III)

Европската Унија донесе сет на регулативи со кои се регулираат правилата за имплементација на инструментите за надворешна помош на Европската Унија. Регулативата 1529/2021 на Европскиот Парламент и на Советот за воспоставување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), беше донесена на 15.09.2021 година. Истата ги регулира општите правила во врска со ИПА III помошта, целите и приоритетните области на помошта, стратешко планирање, имплементација, финансискиот пакет и други одредби специфични само за Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).Според структурата, ИПА III е поделена на 5 прозорци и 17 тематски приоритети и тоа:

-       Прозорец 1: Владеење на правото, фундаментални права и демократија;

-       Прозорец 2: Добро владеење, усогласување на законодавството, добрососедски односи и стратешка комуникација;

-       Прозорец 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност;

-       Прозорец 4: Конкурентност и инклузивен раст и

-       Прозорец 5: Територијална и прекугранична соработка.

Во рамки на прозорецот 3: Зелена агенда и одржлива поврзаност предвидени се тематски приоритети 1 – Животна средина и климатски промени и 2 – Транспорт, дигитална економија, општество и енергија.

Секторот за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) ги врши следните работи и задачи:

-          Ја извршува функцијата на ИПА структура на министерството во рамките на ИПА II и на Тело за управување со програмите за животна средина во согласност со надлежностите пропишани во финансиските договори со ЕУ за релевантните програми за животна средина, уредбата за воспоставување на структури и односи меѓу структурите за управување со ИПА и oперативните договори за ИПА;

-          Врши приоритизација на реформи во надлежност на Министерството кои ќе бидат поддржани со средства од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ (ИПА);

-          Врши планирање на програми и проекти во Министерството кои ќе бидат финансирани од ИПА, во координација со друга донаторска помош;

-          Обезбедува доследно следење на правилата на ЕК, ПРАГ и ФИДИК за спроведување на тендерските постапки за ИПА проектите;

-          Го следи и насочува спроведувањето на проектите и програмите во Министерството кои се финансирани од ИПА;

-          Воспоставува и го одржува функционален системот на контрола во однос на спроведувањето на ИПА проектите, преку пишани процедури за работа и договори со релевантни органи, како и преку контрола на секојдневната работа на секторот;

-          Обезбедува финансиски, човечки и материјални ресурси за навремено, ефикасно и ефективно спроведување на ИПА проектите во Министерството;Ја следи одржливоста на резултатите од ИПА проектите во Министерството, како и на резултатите од реформите и промената која ја прават во општеството и др.

Работата на Секторот за спроведување на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) се реализира преку три одделенија:

Одделение за програмирање и мониторинг на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
Одделение за техничко спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА)
Одделение за внатрешна контрола и координација при спроведување на инструментот за претпристапна помош (ИПА)

Контакт e-mail: ipa@moepp.gov.mk