ШУКОВА: Со иновативен пристап, волја и креативност градиме зелена иднина

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со повеќе од стотина волонтери од Скопје и Велес и од Пивара Скопје денес учествуваа во масовната еколошка акција „СОНЧЕВА ГОРА“, во чии рамки, во близина на езерото Младост, северно од Велес, се пошумуваа 23 хектари или 50.000 дрвја на државно земјиште.Sonceva Gora

Министерката за животна средина и просторно планирање, ја поздрави иницијативата и истакна дека ја радува фактот што од ден на ден се повеќе развиваме здрави навики кон животната средина.Sonceva Gora_1

„Сега покажуваме како со иновативен пристап, креативност и волја да се рециклира ѓубрето од минатото, може да се гради зелена иднина. „Ајде да ја засадиме зелената иднина“ – рече министерката Шукова.Sonceva Gora_2

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски потенцираше дека со збогатувањето на шумскиот фонд во земјава обезбедуваме поздрава иднина за сите.Sonceva Gora_3

„Го чуваме и развиваме нашето најголемо природно богатство, а тоа се шумите. Си поставивме цел за пошумување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ земјава“.Sonceva Gora_4

Акцијата е дел од десетгодишниот проект за обнова на животната средина „ЗЕЛЕНА СОНЧЕВА ГОРА “ што е во организација на „Мен енд Маунтен“ и се реализира заедно со Пивара Скопје и Пакомак и официјалните партнери Шпаркасе банка, Нула Отпад, поддржани од Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство и Национални шуми. Проектот вклучува годишна пролетна акција за чистење и селектирање отпад „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, од која за секои 10 килограми собран отпад Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во рамки на неговата програма за пошумување, посветува по едно дрво кои се засадуваат во ноември, на различни локации, и овие насади го носат името „СОНЧЕВА ГОРА“.