Шукова на средба со амбасадорот на Австралија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денес оствари средба со амбасадорот на Австралија во Република Северна Македонија со седиште во Белград, Н.Е. Данијел Емери, со кого разговараа за тековната и идна соработка помеѓу двете земји од областа животна средина.Shukova_Ambasador_Avstralija

Министерката Шукова го информираше амбасадорот Емери за развојните потенцијали што ги има македонската рударска индустрија и се разговараше за политиката на владата на РСМ во однос на  нови инвестиции и најдобри достапни техники и стандарди во домашното рударство.Shukova_Ambasador_Avstralija_1

На средбата, амбасадорот Емери ја покани министерката Шукова да присуствува на настаните што ќе ги организира австралиското преставништво за претстојната 28-ма Конференција на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени ЦОП28, најавувајќи дека во 2026 година Австралија ќе биде домаќин на Конференцијата.Shukova_Ambasador_Avstralija_2