11-тиот Светски форум за урбанизам – Национални политики за трансформација на нашите градови преку одржлив развој

Заменик министерката Христина Оџаклиеска учествуваше на министерската тркалезна маса во рамки на 11-тиот Светски форум за урбанизам WUF11 – cities of the future на која се разговараше за националните политики за трансформација на нашите градови преку одржлив развој.

1- ministerski sostanok

Во своео обраќање Оџаклиеска информираше за активностите на Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија во правец на планирање на просторот. При тоа спомена дека:

  • Во 2020 година е усвоена новата Методологија за изработка на Просторни планови.
  • Новиот Просторен план за Република Северна Македонија (2020-2040) е во фаза наизработка.
  • Согласно новата методологија, климатските промени ќе бидат предмет на детална разработка во сите одделни поглавја на Просторниот план на државата.
  • Просторното планирање базирано на принципите на одржливиот развој ќе даде насоки за одржливо планирање на просторот во нашите градови и села.

На настанот учествуваа министри и високи претставници на националните влади и регионалните политички тела од целиот свет, со цел да се подигне дебатата за одржлива урбанизација и да се забрза имплементацијата на Новата урбана агенда за поддршка на целите за одржлив развој и другите глобални агенди.