НУРЕДИНИ: Добрата соработка со ГЕФ и УНЕП ќе продолжи

UNDPМинистерот за животна средина и просторно планирањеНасер Нуредини учествуваше на вториот Управен комитет на GEF STAR 5 проектот  „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја и вклучување на биодиверзитетот во планирањето за користење на земјиштето“.

-              Нашата земја е идентификувана како трето најважно жариште за биолошкаразновидност во светот поради богатството на биодиверзитет и разновидните климатски, топографски и геолошки карактеристики – истакна министерот Нуредини во воведното обраќање, посочувајќи дека идејата за овој проект како и неговата реализација дојдоа во вистинско време, бидејќи заканите од климатските промени и притисоците врз животната средина поврзани со интензивниот социо-економски развој почнаа да стануваат поочигледни заедно со напорите за нивно спречување или ублажување во сите сектори.

Нуредини укажа дека проектот имаше многу позитвино влијание врз работата на МЖСПП, бидејќи придонесе не само за постигнување на националаните цели во областа на заштитата на природата и одржливото управување со природните ресурси, туку и кон поголема посветеност и соработкана различните чинители.

На состанокот како главни достигнувања во рамки на трите проектни компоненти беа посочени: прогласувањето на Шар Планина за националниот парк, развивање на првата Национална Црвена Книга и Црвени листи за влекачи, водоземци и васкуларни растенија, изработката на Националната мапа за ерозија и Националната карта за шумска вегетација, идентификувани квоти на дрвени шумски производи а најавено е објавување и одржување на јавна дебата за финализирање на Планот за управување за НП Шар Планина.

Проектот е финансиран од Глобалниот еколошки фонд, со главни партнери за имплементација Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и Програмата на ОН за животна средина.

Соработката со УНЕП ќе продолжи и во следните години во правец на заштита на природата.