Средба на министерот Нуредини со директорката за европска соседска политика и преговори за проширувaње Матуела

При денешната посета на Брисел, министерот Нуредини оствари средба со директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширувaње на Европската Комисија, Михаела Матуела.

Sredba_Nuredini_Matuela

На средбата се разговараше за напредокот во Поглавје 27 – животна средина и клима. Посебен акцент беше ставен на усогласувањето на националното со европското законадавство, при што министерот Нуредини информираше дека во текот на  2021 и 2022 година во повеќе од 16 закони што ја регулираат заштитата на животната средина или е  интервенирано со измени и дополнувања или се донесени сосема нови. Во тек се процесите за донесување на уште четири закони: Законот за води, Законот за индустриски емисии, Законот за заштита на природата и Законот за климатска акција.

Исто така, се зборуваше и за статусот на реализација на проектите финансирани со европските инструменти за поддршка, како и преземените активности за започнување на новата ИПА 3 Програма.