НУРЕДИНИ: Сакаме да бидеме дел од решението за постигнување на јаглеродна неутралност до 2050 г., но мора да обезбедиме соодветна легислатива, спремен кадар и праведна транзиција на економијата

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на покана и во организација на Енергетската заедница, денес, во Брисел, учествуваше како панелист на настанот на високо ниво за прекуграничниот механизам за прилагодување на јаглеродот CBAM (Carbon Border Adjustment Mechanism), кој е во завршна фаза на усвојување од страна на Европскиот парламент.

Nuredini vo Brisel

На настанот, високи претставници на Енергетската заедница разменија мислења за функционалноста на CBAM мехaнизмот и перцепциите далиистиот може да биде клин на раздор или е катализатор на Енергетската заедница.

Во своето обраќање, министерот Нуредини се осврна на тековните активности на национално ниво во делот на климатската акција и националните определби за зелена транзиција на економијата, како и постигнување на целите за декарбонизација на производствените процеси. При тоа министерот Нуредини истакна дека Република Северна Македонија сака да биде дел од решението и остварувајќи ги амбициозните климатски цели до 2050 година да постигне јаглеродна неутралност.

Nuredini_vo_Brisel

Но, исто така укажа дека како држава кандидатка за членство во ЕУ сме исправени пред предизвик за прилагодување националното законодавство со тоа на ЕУ (кое е динамично), и тоа не само од легислативен, туку и од административен и технички аспект, дека сме во фаза на креирање на предлогот за јаглеродно таксирање, но сме соочени со уште поголемиот предизвик, а тоа е праведната транзиција на економијата.

Од таа причина од клучно значење ќе биде континуираната поддршка од страна на ЕУ и од финансиски и од технички/експертски аспект.