Се одржа трибината на тема „Вештини за зелен град“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска денеска, ја отвори трибината на тема „Вештини за зелен град“, организирана во рамките на Проектот ,,Европска платформа за извонредност во стручното образование и обука за зелени иновации – GREENOVET” и иницијативата „Европска недела на стручни вештини“.

Истакнувајќи дека патоказот за зелена транзиција е јасно зацртан во националните стратешки политики на нашата држава, заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање додаде дека, на потребите што ги наметнува зелената транзиција, треба да се одговори со подготвен стручен кадар и усовршување на ова поле.

- Од таа причина, сметам дека можностите што ги даваат проектите како што е ,,Европската платформа за извонредност во стручното образование и обука за зелени иновации – GREENOVET” се од исклучителна важност. Воедно, Министерството за животна средина и просторно планирање го поддржува интегрирањето на заштитата на животната средина во образовниот процес, и тоа преку образовни програми, како што е ГЛОБЕ програмата, преку поддршка на образовни и едукативни еколошки проекти, размена на знаење и преку финансирање на истражувања и поддршка на иновативни проекти преку Годишната програма за финансирање на проекти од областа на заштита на животна средина – рече Оџаклиеска.

vestini za zelen grad

Според неа, сето ова ќе поттикне отварање на повеќе „зелени работни места“, термин што го воведуваат современите политики, а кои ќе бидат препознаени како придобивка и за граѓаните но и за подобрување на условите во средината во која живееме.

На настанот присуствуваше и Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.vestini_za_zelen_grad

Проектот GREENOVet продуцира формирање на Центри за извонредност во стручно образование и обука во областа на зелените иновации низ цела Европа, и обезбедува платформа за меѓусебно поврзување на европските училишта за стручно образование и обука на регионално, национално и интернационално ниво, со вклучување на клучните партнери во локалните и регионалните екосистеми за иновации и вештини.