Состанок со градоначалниците на Североисточниот плански регион на тема изработка на Просторен план на РСМ

Состанок со градоначалниците на Североисточниот плански регион на тема изработка нЗаменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, како дел од подготвителните активности за изработка на Просторен план на Република Северна Македонија, денеска имаше координативен состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион. 

Се разговараше за законската основа и процедурите за донесувањето на  Просторниот план, за неговото значење како највисок просторно-плански документ на нашата држава, како и за визијата и најдобрите насоки за најсоодветно користење на просторот на државата со сите ресурси.

Притоа, беше потенцирана и клучната улога на општините и Центрите на сите плански региони во државата во процесот на обезбедување на документација и информации потребни за подготовка на овој документ, кој ќе овоможи побрз и одржлив социо-економски и регионален развој, прилагоден на современите потреби на граѓаните.