Втор состанок на Заедничкиот управен комитет за Рамка за соработка за одржлив развој на Северна Македонија и ООН

Втор состанок на Заедничкиот управен комитет за Рамка за соработка за одржлив рНа вториот состанок на Заедничкиот управувачки комитет за спроведување на новата Рамка за соработка за одржлив развој на Обединетите нации и националните институции за период од 2021-2025 година, кој се одржа денеска, беа презентирани резултатите од спроведувањето на Рамката во 2021 година, заедно со заедничкиот работен план за 2022 и Стратегијата за мобилизација на ресурси и партнерство, беше разгледан и Предлог-Годишниот извештај за постигнатите резултати во 2021, а воедно се дискутираше и за усогласувањето на приоритетите и подобрената одржливост на заедничките акции, како и за зајакнување на заедничката мобилизација на ресурси.

Истакнувајќи дека во периодот од 2021 – 2025 година, нашите очекувања од телата на Обединети Нации, се во насока на континуиран придонес за здрава животна средина, заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска во своето обраќање фокусот го сврти кон климатските промени, како посебна цел на одржливиот развој и усвојувањето на Ревидираниот национално утврден придонес кон Договорот од Париз, Третиот двогодишен извештај за климатски промени и Долгорочната стратегија за климатска акција и акционен план од август 2021 со кои нашата држава постави среднорочни и долгорочни цели за намалување на емисиите на стакленички гасови и прилагодување на најранливите сектори кон истите. 

- Овие заложби ќе продолжиме да ги реализираме со помош на Рамката за соработка за одржлив развој на Обединети Нации за која, убедена сум дека ќе даде значаен придонес во креирањето на нашите идни политики и активности  при чија реализација силно верувам дека резултатите нема да изостанат – додаде заменик министерката Оџаклиеска.

Воведни обраќања имаа министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи и резидентниот координатор на ОН во Република Северна Македонија, Росана Дуџиак, како копретседавачи на Управувачкиот комитет.