Работна средба со градоначалничката на Скопје

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со новата градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска на која разговараа за тековните активности и иднита планови во областа животна средина во главниот град на државата.

Sredba_Nuredini_Arsovska

Нуредини и Арсовска разменија мислења за тековните процеси и начинот на управување со заштитениот предел Водно, при што беше нагласена важноста од изработка на просторен план и план за управување како добра основа за надминување на постоечките конфликти, а се разговараше и за тековниот процес на донесување на Законот за прогласување на Кањон Матка за споменик на природата.

Како тема за разговор се покрена и прашањето за состојбите со управувањето со отпад, при што министерот Нуредини ја сподели идејата средставата обезбедени од надоместокот од користење кеси да се да се искористат за набавка на садови за селектирање на отпад што ќе бидат дистрибуирани низ целата државата. Заеднички беше ставот дека во оваа активност треба да вклучи и ЗЕЛС и сите единици на локална самоуправа, како и граѓанскиот сектор. На овој начин ќе се овозможи транспарентност на процесот во кој средствата собрани од граѓани ќе се вратат на граѓаните, преку подобрување на инфраструктурата за управување со отпад и негување на добри навики во однос на постапувањето со отпадот.