Продолжува соработката со UNOPS од областа животна средина

unopsДржавниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, одржа работен состанок со директорката на Одделот за стратешки иницијативи во седиштето на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите Нации (UNOPS) во Копенхаген, Саманта Стратон Шорт и останатите релевантни претставници од UNOPS. На состанокот државниот секретар Шукова изрази задоволство од досегашната успешна соработка и поддршката која преку проектите, UNOPS и ја дава на нашата држава.

Воедно, се разговараше за можностите за развивање на поширока соработка во областа на заштита на животната средина, a со цел реализирање на заеднички проектни активности во областа на животната средина и климатските промени, за да се зголеми отпорноста во повеќе сектори на животната средина кон влијанието на климатските промени.

Состанокот се одржа на мaргините на проектот на UNOPS „Зајакнување на институционалните капацитети на Република Северна Македонија за управување со јавната инфраструктура“, финансиран од Обединетото Кралство.