ЛИСТА НА ЗОНИ И АГЛОМЕРАЦИИ

Согласно членовите 26 и 27-а од Законот за квалитет на амбиентен воздух (Службен весник на Република Македонија бр. 67/04, 92/07, 35/10, 47/11, 59/12, 100/12, 10/15, 146/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

ЛИСТА НА ЗОНИ И АГЛОМЕРАЦИИ

кај кои биле констатирани надминувања односно каде што нивоата на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух ги надминуваат граничните или целните вредности, како и која и да било релевантна маргина на толеранција, односно каде што постои ризик нивоата на загадувачки супстанции да надминат еден или повеќе од праговите за алармирање за 2021 година

I

Зона/Агломерација[1] Општина / Град Скопје[2] Мерна станица Загадувачка супстанца РМ10 Загадувачка супстанца РМ2.5
Гранична вредност
Просечна годишна концентрација
(40 mg/m3)
Број на денови со надминување на среднодневната гранична вредност од 50 mg/m3
(35 дена во текот на една година)
Просечна годишна концентрација
(25 mg/m3)
Агломерација Скопски регион Град Скопје -Центар Центар 43.8 98 27.7
Град Скопје -Карпош Карпош 42.7 84
Град Скопје -Аеродром Лисиче 52.6 118
Град Скопје -Гази Баба Гази Баба 66 28.8
Град Скопје -Ѓорче Петров Ѓорче Петров 84 27.2
Западна зона Битола Битола 1 49
Битола 2 45
Кичево Кичево 51.2 139
Тетово Тетово 51.1 130 36.7
Гостивар Гостивар 44.3 107
Источна зона Велес Велес 2 46.0 120
Кавадарци Кавадарци 57.7 156
Кочани Кочани 40
Куманово Куманово 48.7 114 34.6
Струмица Струмица 48.4 78 26.8
Гевгелија Гевгелија 47

 [1] Листата на зони и агломерации е изготвена врз основа на оценката на квалитетот на амбиентниот воздух, односно анализата на податоците за 2021 година добиени од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање.

[2]Наведени се општините, односно Градот Скопје во чии подрачја биле утврдени надминувања односно каде што нивоата на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух ги надминуваат граничните или целните вредности, како и која и да било релевантна маргина на толеранција согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/054/13 и 183/17).

II

Зона/Агломерација[3] Општина /Град Скопје Мерна станица Загадувачка супстанца РМ10
Праг на алармирање – Измерена среднодневна концентрација над 150 mg/m3 два последователни дена и прогноза за стабилна временска состојба
Ризикот од надминување на праг на алармирање е изразен како број на денови со измерена среднодневна концентрација од 120 mg/m3 односно 80% од вредноста на прагот и доколку истиот е поголем и еднаков на 1 ризик за надминување на прагот постои
Агломерација Скопски регион Центар Центар 7
Карпош Карпош 5
Аеродром Лисиче 28
Гази Баба Гази Баба 3
Ѓорче Петров Ѓорче Петров 3
Западна зона Битола Битола 1 4
Битола 2 7
Кичево Кичево 16
Тетово Тетово 16
Гостивар Гостивар 4
Источна зона Велес Велес 2 5
Кавадарци Кавадарци 24
Кочани Кочани 1
Куманово Куманово 18
Струмица Струмица 16
Гевгелија Гевгелија 1
[3] Зони и агломерации кај кои, врз основа на резултатите од мониторингот е констатирано постоење ризик нивоата на загадувачки супстанции да надминат еден или повеќе од праговите за алармирање дефинирани со Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини и толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/054/13 и 183/17)