Официјална средба на Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со претставникот на Светска Здравствена Организација и шеф на канцеларијата на СЗО во Република Cеверна Македонија Dr.Jihane Tawilah  

(01.08.2019г) Mинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа средба со претставникот на Светска Здравствена Организација и шеф на канцеларијата на СЗО во Република Cеверна Македонија Dr.Jihane Tawilah.

На средбата се истакна подршката во областа на животната средина од страна на Dr.Jihane Tawilah, особено во помагање за решавање на проблемите со загадување на воздухот, управување со цврст отпад, употреба на гориво во домаќинставата,  безбедност на водата и важноста  на сите надворешни фактори кои влијаат врз  здравјето на сите граѓани на РСМ.

На средбата се дискутираше исто така и за подршката во соработката за подигнување на вербата за добри здравствени и еколошки услуги во државата.