Остварена средба на министерот Изаири со словенскиот амбасадор Раковец

DSC_0515Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оствари средба со амбасадорот на Словенија во Р. Македонија, Н.Е. Бранко Раковец.

Средбата имаше за цел меѓусебно информирање и координирање за заедничките активности во областа животна средина меѓу двете држави.

Посебно интерес беше пројавен за остварување соработка при реализација на завршните работи на  проектот „Проектирање и изградба на пречистителната станица во н. м. Волково, во о. Ѓорче Петров“. Од таа причина на средбата присуствуваа и претставници на компанијата РИКО, во улога на фирма изведувач.

По состанокот, министерот Изаири заедно со амбасадорот Раковец и претставниците на РИКО направија теренска обиколка на изведбените работи на пречистителната станица во Волково, со цел да ја утврдат фактичкта состојба на реализацијата на проектот.

Служба за информирање