Министерот Изаири лидер на наредната министерска конференција на Централно Европската Иницијатива

20141009_192819Ве информираме дека министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири присуствуваше на Министерската Конференција на Централно Европската Иницијатива која се одржа во  Виена.

На Конференцијата на тема “Енергетски преобразби”, учество земаа министрите надлежни за животна средина од 10 држави од регионот, при што се дискутираше за придонесот на регионот во борбата против климатските промени преку зголемена употреба на обновливите извори на енергија и взаемните придобивки од нивната употреба (како потенцијалот за генерирање нови работни места). Согласно препораките, наредната година председавач на Централно Европската Иницијатива ќе биде Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија предводена од Министерот за животна средина и просторно планирање  Нурхан Изаири.

На маргините на конференцијата министерот Изаири оствари билатерална средба со својот австриски колега, федералниот министер за земјоделство, животна средина шумарство и управување со водните ресурси, Андрej Рупрехтер. На средбата беа дефинирани следните чекори како и динамиката на соработка со цел унапредување на билатералната соработка во областа животна средина и климатски промени преку потпишување на меморандум за соработка во овие две области.

Министерот Изаири оствари и билатерални разговори и со хрватскиот министер за животна средина и заштита на природата, Михаел Змајловиќ, со директорот на Агенцијата за животна средина на Австрија, Џорџ Ребернинг како и со Директорот на Агенцијата за шумарство Мајкл Сутер.

 

СЛУЖБА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ