Одржана јавна расправа за Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина на Нацрт-планот за управување со ЗП „Осоговски Планини“

Врз основа на Законот за заштита на природата и Законот за животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“ денеска, одржаа јавна расправа по однос и презентација на Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина за Нацрт-Планот за управување со ЗП „Осоговски Планини“ за периодот 2022 -2031.

Одржана јавна расправа за Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина на Нацрт-планот за управување со ЗП „Осоговски Планини

Одржана јавна расправа за Нацрт-Извештајот за стратегиска оцена врз животната средина на Нацрт-планот за управување со ЗП „Осоговски Планини

 

Според раководителот на секторот за просторно планирање при МЖСПП, Неби Реџепи, целта е да се постигне поголема транспарентност на целата постапка за изработката и дефинирањето на Планот, а мислењата и забелешките изнесени на и по расправата ќе се земат предвид при подготовката на финалниот Извештај за стратегиска оцена.

Владата на РСМ во ноември 2020г., донесе одлука за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитено подрачје во категоријата V заштитен предел, што ќе овозможи интегрирано управување и одржливо користење на природните ресурси со цел да се зачуваат неговите природни убавини и да се истакне препознатливата туристичка вредност на Осоговскиот регион, што е од големо значење за локалното население и локалната економија.