Одржана јавна расправа по однос на Нацрт-Планот за управување со Заштитен предел „Осоговски Планини

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“, како дел од континуираните активности за валоризација или ревалоризација на заштитени подрачја и прогласување на заштитени подрачја, денеска одржаа јавна расправа по  однос на Нацрт-Планот за управување со Заштитен предел (ЗП) „Осоговски Планини“ за периодот 2022 – 2031 година.

Одржана јавна расправа по  однос на Нацрт-Планот за управување со Заштитен предел

 

Истакнувајќи дека воспоставувањето на одржливо управување со заштитените подрачја е една од приоритетните активности заради за заштита на природните вредности, но и социо-економскиот развој, државниот секретар во министерството за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, повика на соработка и активно учество на сите засегнати страни во изработката на Планот за управување со Заштитен предел – Осоговски Планини, кој ќе обезбеди заштита и зачувување на природното наследство на заштитеното подрачје и бенефит за локалното население преку промоција на природните и културните вредности и развој на екотуризмот.

На јавната расправа беше презентиран Нацрт-Планот за управување со ЗП „Осоговски Планини“, и на сите учесници им беше овозможено да се изјаснат со свои мислења и коментари, а во наредните 10 дена и јавноста ќе има можност да достави свои забелешки или предлози со што ќе даде допринос во изработката на Планот.

Нацрт планот за управување со ЗП „Осоговски Планини“ за периодот 2022 – 2031 е достапен за увид на Web страната на МЖСПП на следниот линк: https://cutt.ly/eFQp1Ia.