Одржана работилница за воспоставување, управување и финансирање на Натура 2000 подрачја

„Мочуриштата и Натура 2000 од перспектива на ЕУ“, е тема на работилницата комбинирана со теренска посета што се одржува во рамки на проектот „Поддршка на Северна Македонија при пристапувањето кон ЕУ во областа животна средина“.  

Одржана работилница за воспоставување, управување и финансирање на Натура 2000 под

Работилницата претставува можност да се добијат знаења и вештини и да се разменат искуства со Шведските експерти за начинот на идентификација, воспоставување, мониторинг, управување и финансирање на Натура 2000, како и за реставрација на влажниите живеалишта (мочуриштата). 

 

Досега, на национално ниво се идентификувани 12 идни Натура 2000 подрачја. од кои пет се предложени како потенцијални Посебни заштитени подрачја (SPA) согласно Директивата за птици, а седум се предложени како Посебни подрачја за зачувување (SAC) согласно Директивата за живеалишта. 

 

Истакнувајќи дека мрежата Натура 2000, отвора нови можности во руралните средини преку развој на еко-туризмот, одржливото земјоделство и користењето на природните ресурси на начин кој не ја загрозува животната средина, директорот на Управата за животна средина при МЖСПП, Хисен Џемаили, нагласи дека Натура 2000 може да стане важен извор на приходи за локалното население, но воедно и за заштитените подрачја. 

- Визијата за одржливиот развој може да стане реалност со инструментот на Натура 2000, чиј опфат ќе се зголемува со понатамошната имплеменатција – додаде тој во своето обраќање.

На работилницата беше презентиран Проектот, Планот за зачувување на Натура 2000, и беа споделени драгоцените искуства на шведските експерти од областа на заштитата на природата и мочуриштата.

 

Проектот е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (SIDA), Шведската агенција за заштита на животната средина (SwEPA) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.