ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИ ЕКСПЕРТИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за идентификација на локации контаминирани со жива“

Министерството за животна средина и просторно планирање, преку проектната канцеларија за неразградливи органски загадувачи (POPs) е во фаза на имплементација на проектот „Зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива со фокус на изработка на стратегија за процена на локација контаминирана со жива“. Проектот има за цел зајакнување на националните капацитети за имплементација на Минамата конвенцијата за жива преку ажурирање на постоечките инвентари на жива, идентификување на националните приоритети во управувањето со живата,усвојување на сеопфатен Национален план за имплементација и детална стратегија за проценка на локациите загадени со жива.

Јавниот оглас се однесува на следниве позиции:

  1. Три национални експерти ( 3 ) за дефинирање на националните приоритети во управувањето со жива

Локација: Скопје

Времетраење: 4 месеци сметано од денот на потпишувањето на договорот за ангажирање

Месечен надомест: 39.000 денари бруто (предмет на персонален данок на доход)

 

Опис на работното место и главни задачи:

Националните експерти ќе биде ангажирани повремено за период од 4 месеци, за реализација на активности поврзани со втората компонента од проектот, односно „Дефинирање на националните приоритети во управувањето со жива“. Улогата на националниот експерт е да обезбеди проектните активности поврзани со дефинирање на националните приоритети во управувањето со жива резултираат со подготовка на листа на приоритети, која пак листа ќе придонесе во изборот на активности кои ќе ги одразат вистинските потреби на земјата во насока на управувањето со живата и нејзината елиминација.

Во тесна координација со членовите на Проектниот тим, а во согласност со резултатите од инвентарите, националниот експерт ќе им помогне на проектните партнери во спроведувањето на проектните активности преку извршување на следново:

  • Разгледување на ажурираниот инвентар на жива подготвен во рамките на тековниот проект, конкретно во следниве области:

- Ресурси на жива и трговија со жива

- Производи кои содржат жива

- Производни процеси во кои се користи жива и соединенија на жива

- Емисии и ослободувања на жива, складирање и отпад од жива

- Контаминирани локации

  • Анализа на постоечката правна и институционална рамка, како и на техничките капацитети во земјава во управувањето со живата;
  • Дефинирање на критериуми за идентификација на приоритетните области во управувањето со живата, земајќи ги предвид следниве елементи;

- Здравствени и безбедносни аспекти поврзани со живата

- Размена на информации и подигање на јавната свест

- Градење на капацитети, трансфер на технологии и техничка помош

  • Учество во работилница за идентификација и рангирање на приоритетните области во управувањето со живата;
  • Изработка на листа на национални приоритети во управувањето со живата;
  • Учество на работилница за развој на акционите планови согласно дефинираните приоритети во поединечните области;

Потребни квалификации:

-          Државјанство на Република Северна Македонија;

-          Да има општа здравствена способност за работното место,

-          Со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Ниво на квалификациите:

-          Дипломиран инженер или Магистер по науки во областа на природни и хемиски, медицински науки, технологија, животна средина или машинство;

-          Најмалку 7 години искуство и одлично експертско познавање во областа на животна средина, управување со хемикалии;

-          Познавање на целиот животен циклус на хемикалиите во индустриските процеси;

-          Искуство во спроведување на Меѓународните конвенции за хемикалии, а особено на Минамата конвенцијата за жива;

-          Познавање на меѓународните прирачници за еколошки прифатливо управување со хемикалии и отпад, вклучително и жива

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

Пријавите треба да бидат поднесени на англиски јазик и истите треба да ги вклучат следните документи:

-       Мотивациско писмо не подолго од една страна, во кое ќе се наведат главните причини за аплицирањето;

-       Биографија во стандардизиран Europass формат;

-       1 (една) препорака од претходни ангажмани на исти/сродни позиции.

Пријавите се поднесуваат по електронски пат на следната адреса: s.andonova@pops.org.mk или suzana_andonova@yahoo.com

Рокот за пријавување е 10.01.2024 год. до 23:59 часот (Средноевропско време).

Кандидатите ќе бидат евалуирани врз основа на претходно утврдена методологија, во рок од 5 работни дена од завршувањето на огласот. Овој рок може да биде продолжен во случај на поголем број на добиени апликации.