Информација за достапност на Студија за оцена на влијание врз животната средина од имплементација на Проектот: “Ветерен Парк Кичево (35 МW)“ општина Кичево

Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека врз основа на Законот за животна средина (Службен весник на Република Македонија бр.53/2005, 81/2005, 24/2007, 159/2008, 83/2009, 48/2010, 124/2010, 51/2011, 123/2012, 93/2013, 42/2014, 44/2015 129/2015, 39/2016, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 89/22 и 171/22) инвеститорот “Кичево Винд“ ДООЕЛ од Скопје , со седиште на ул. “Стив Наумов“ бр.3-3/88, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за имплементација на Проектот: “Ветерен Парк Кичево (35 МW)“   општина Кичево и истата е достапна за увид.

Со проектот се предвидува инсталирање на 6 ветерни турбини секоја со  моќност од 5,8MW, на локација западно од градот Кичево на периферијата во општина Кичево.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk и   во општина Кичево.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Контакт лица:

Управа за животна средина

Министерство за животна средина и просторно планирање

infoeko@moepp.gov.mk ,

плоштад Пресвета Богородица бр.3,

1000 Скопје.

Блеранд Сарачи -представник од страна на инвеститорот

Раководител во Кичево Винд ДООЕЛ Скопје

тел. +389 78 485 000

е-пошта blerand_saraci@yahoo.com