Заменик министерката Оџаклиеска на средба со градоначалникот на општина Богданци

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска оствари работна средба со градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов, на која разговараа за состојбата со животната средина во општината и продлабочување на соработката со Министерството за животна средина и просторно планирање.

zamenik_Odzaklieska

Градоначалникот Шапов информираше дека општина Богданци ги следи препораките на Министерството во однос на зајакнување на административниот капацитет и спроведување на законските обврски во однос на заштитата на животната средина. Општината има направено функционална анализа и нова систематизација на работните места, при што е предвидено Одделение за комунални работи и животна средина, советник за животна средина и помлад овластен инспектор за животна средина.

Заменик министерката истакна дека и оваа година Министерството ќе продолжи да одржува обуки на различни теми во областа на животната средина, кои се од интерес за единиците на локалната самоуправа во насока на соодветно спроведување на законската регулатива во оваа област.