Средба со градоначалникот на Дебар

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари работна средба со градоначалникот на општина Дебар Хекуран Дука на која разговараа за состојбите со животната средина во општината и за можностите за соработка.

Sredba_Nuredini_Gradonacalnik na Debar

Градоначалникот Дука информираше дека најголем приоритет на општината Дебар е имплементацијата на проектот за изградбата  на водоводна мрежа, а ја потенцираше и потребата од изградба и на  канализациона мрежа за одвод на отпадна води. Исто така, се зборуваше и за унапредување на системот за управување со отпад, а на предлог на министерот Нуредини се разгледаа и можностите за развој на еко-туризмот како дејност за која општина Дебар поседува предиспозиции и квалитети.