Во Скопскиот плански регион ќе се пренесат романски искуства за регионалното управување со отпадот

1Македонска делегација предводена од заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Стево Темелковски на 24 и 25 овој месец оствари студиска посета на Медијаш, Романија за да размени искуства за воспоставување, развивање и подобрување на системот на регионално управување со отпад.

Делегацијата во чиј состав беа и градоначалници на Скопскиот плански регион дискутираа со романските колеги како помошта од Холандската агенција (Агенција на Министерството за економија) и ГАД – регионално претпријатие на општините за управување со комуналниот отпад во Холандија, го подобрија системот за регионално управување со отпад во Романија.

Во рамките на престојот беше посетена и регионалната депонија за комунален отпад во Кристијан, управувана од приватна компанија, која е дел од интегрираното регионално управување со отпад во целиот тој регион во чиј состав се 15 општини.