Ќе се интензивира соработката со Кина во заштитата на животната средина

4Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири оствари средба со кинескиот амбасадор во Р. Македонија, Н.Е. Cui Zhiwei, која имаше за цел меѓусебно информирање и координирање на заедничките активности во областа животната средина.

Како заеднички став произлезе согласноста во најскоро време да се потпише на Меморандум за соработка меѓу двете држави во заштитата на животна средина.

На средбата пособено е препозната и акцентирана можноста за интензивирање на соработката, преку кинески инвестиции во изградбата на инфрастуктура за пречистување на отпадните води.

На крајот на средбата кинескиот амбасадор ја покани делегација на МЖСПП да оствари посета на Р. Кина за да се запознае со кинeските искуства во областa животна средина.