Бизнис конференција, ДУБАИ ЕКСПО 2020 – Државата нуди отворени можности и цврсти и чесни јавно-приватни партнерски односи што се добра основа за инвестирање

Biznis_Konferencija_DubaiВо рамки на посетата на Дубаи, денес се одржа бизнис конференција на која на првиот панел свои обраќања имаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, директорите на Фондот за иновации и технолошки развој и на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Фестим Халили и Љупчо Јаневски, кои секој во својот дел извршија презентација на можностите за инвестирање и водење на бизнис во нашата држава.

Вицепремиерот Битиќи ја отвори бизнис конференцијата со порака дека Владата во бизнис секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијатаи дека во изминатите неколку години се изградени цврсти и чесни јавно-приватни партнерски односи кои носат резултати.

„Развој заснован на заштита на животната средина секако е високо на развојаната агенда. Планираме инвестирање во развој на енергетскиот сектор, но усогласeн со европската зелена агенда и насочен кон користење на обновливи извори на енергија, соларна, ветерна енергија и исфрлање на јагленот од употреба. Со зголемувањето на површината на заштитените подрачја од 9 % на над 13 % отворивме нови можности за развој на екотуризмот и зголемување на бројот на зелените работни места“, истакна Нуредини.

Во вториот дел од Бизнис конференцијата, пред присутните бизнисмени од Обединетите Арапски Емирати и од другите земји кои изложуваат на Експо Дубаи 2020, презентација на своето работење имаа и претставниците на четирите најголеми стопански комори во РСМ.