Известување за подготовка на Нацрт Закон за климатска акција

1. Назив на Министерството: Министерството за животна средина и просторно планирање започна со изработка на Закон за климатска акција.

2. Проблем:

Главни проблеми поради кои се пристапи кон изработка на нацрт закон за климатска акција е следното:

- не постојат пропишани правни обврски на органите на државната управа како и на единиците на локална самоупрва за спроведување на активности за климатски акции,

- не постои дефиниран одржлив систем на мониторинг и известување за емисии на стакленички гасови, политики и мерки за намалување и проекции на емисии со кој ќе се овозможи премин од проектно исполнување на обврските кон регуларно известување согласно меѓународни преземените обврски и обврските кои произлегуваат од европскиото законодавство за климатска акција,

- не постои усогласеност на хоризонтално и вертикално ниво за обезбедување на интегрирана климатска акција со цел остварување на среднорочни и долгорочни цели за декарбонизација и зголемена отпорност на најранливите сектори кон промените на климата и

- недостиг на правно регулирани механизми за праведна транзиција кон зелена економија.

3. Цел:

Со изработката на нацрт Закон за климатска акција ќе се придонесе кон:

- зголемување на напорите за зајакнување на глобалниот одговор кон заканата од климатските промени, согласно долгорочната цел на Договорот од Париз,

- воспоставување механизми за следење и известување неопходни за навремено, транспарентно, точно, конзистентно, споредливо и комплетно известување и верификација на информации за специфицирани антропогени емисии на стакленички гасови по извори и отстранување преку апсорбенти, како и преземање на акции за адаптација кон климатските промени,

- воспоставување политики, планирање и преземање на административни мерки, неопходни за ублажување и адаптација кон климатските промени на економичен начин,

- воспоставување на правила со кои ќе се обезбеди ублажување на климатските промени како и обезбедување нивно вклучување во секторските стратешки и плански документи и административни практики за адаптација кон нивните негативните ефекти;

- воспоставување рамка за политики, планирање и административни мерки неопходни за да се намалат емисиите на стакленички гасови од изворите согласно презементите обврски и заложби од меѓународните договори од областа на климатски промени, ратификувани од Република Северна Македонија.

  1. Временска рамка за изготвување на законот:

-          јануари 2023 година – објава на нацрт верзија на законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на Единствениот Национален електронски регистар на прописи во Република Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање,

-          јануари – Февруари 2023 година – 60 дена – рок за доставување на забелешки, коментари и мислења и организирање на јавна расправа,

-          март и април 2023 година разгледување на доставените забелешки и финализирање на текстот на законот и нацрт извештајот за ПВР;

-          мај – јуни 2023 година – доставување на текстот на законот до Владата на Република Северна Македонија.

5. Засегнати страни:

-          Министерство за економија;

-          Министерство за здравство;

-          Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

-          Министерство за транспорт и врски;

-          Министерство за финансии;

-          Министерство за информатичко општество и администрација;

-          Министерство за труд и социјална политика;

-          Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања;

-          Секретаријат за европски прашања;

-          Државен инспекторат за животна средина;

-          Агенција за енергетика;

-          Агенција за цивилно воздухопловство;

-          Институт за стандардизација на Република Северна Македонија

-          Институт за акредитацијана Република Северна Македонија

-          Центар за управување со кризи;

-          Дирекција за заштита и спасување;

-          Електрани на Северна Македонија;

-          ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа);

-          Стопанска Комора на Северна Македонија;

-          Сојуз на Стопански комори;

-          Стопанска Комора на Северозападна Македонија;

-          Стопанска Комора за енергетика на Република Македонија;

-          Македонска академија на науките и уметностите;

-          Национален координатор за имплементација на националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија;

-          Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина.

  1. Начин на вклучување на засегната јавност:

-          доставување на мислење по нацрт законот, јавна расправа, организирање состаноци со засегнати страни.

  1. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог измените на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

www.ener.gov.mk

www.moepp.gov.mk

  1. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

Адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр.3, Скопје

email: infoeko@moepp.gov.mk

  1. Одговорно лице за контакт во министерството:

Теодора Обрадовиќ Грнчаровска, Министерство за животна средина и просторно планирање