Заменик министерката Оџаклиеска одржа состанок со стручен тим на “Албанската Фондација за развој на локални капацитети”

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска и државниот секретар  Неби Реџепи во просториите на Министерството за животна средина и просторно плaнирање одржаа работен состанок со стручен тим на „Албанската Фондација за развој на локални капацитети”, која заедно со партнерската организација од Северна Македонија „Центар за одржлив развој на заедницата“ и „ГЛВ Дибра Туристике“ од Албанија започна со спроведување на нов тригодишен проект  “Заштита и одржливо користење на прекуграничните заштитени подрачја Шар Планина, Маврово и Кораб-Коритник“, проект финансиран од Фондот за природа Преспа-Охрид.

Заменик министерката Оџаклиеска одржа состанок со стручен тим на “Албанската Фондација за развој на локални капацитети”

Заменик министерката Оџаклиеска одржа состанок со стручен тим на “Албанската Фондација за развој на локални капацитети”

Целта на новиот проект е подобрување на управувањето, координацијата и соработката помеѓу одговорните национални и регионални институции, како и активно вклучување на локалните заедници и засегнатите страни во управувањето со заштитените подрачја и во мониторингот на спроведувањето на активностите на терен, при што фокусот ќе биде ставен  на добро и ефективно владеење со прекуграничните заштитени подрачја од регионот Шар Планина- Кораб, за да се овозможи зголемување на еколошките и економско-социјалните придобивки за жителите на овие подрачја.

На состанокот заменик министерката Оџаклиеска истакна дека заштитата на подрачјата со исклучителни природни вредности  бара посветеност и прекугранична соработкa.

Исто така таа ја потенцираше улогата на граѓансккиот сектор и потребата од соодветна координација со сите релевантни  институции  за  успешна реализација на зацртаните цели и за успешна заштита на подрачјата и одржлив развој на локалното население, кое најмногу треба да ги почувствува бенефитите од спроведувањето на овој проект.