Ќе се зголеми улогата на центрите за развој на планските региони во реализација на проектите за управување со водите и со отпадот

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работна средба со претседателите на Центрите за развој на планските региони во државата. Целта на средбата беше да се интензивира комуникацијата и соработка со Центрите, како важна карика меѓу централната власт и локалните самоуправи.
Ќе се зголеми улогата на центрите за развој на планските региони во реализација на проектите за управување со водите и со отпадот

Ќе се зголеми улогата на центрите за развој на планските региони во реализација на проектите за управување со водите и со отпадот

Министерката Шукова информираше за активностите што не очекуваат во реализацијата на двете приоритени области: управување со отпад и водоснабдување,  одведување на отпадни води и нивно прочистување, особено со почетокот на имплементација на двете кредитни линии со кои се задолжи државата, а се наменети токму за обезбедување на овие основни услуги за граѓаните.
Sukova_brifing-so_mediumi-2

„Обезбедување на финансиите и имплементација на системите за одржливо управување со водите и со отпадот не значи завршен процес. Управувањето на истите останува на општините. Тие мора да бидат навремено подготвени да ги преземaт и спроведуваат своите обврски, за што очекуваме поддршка од регионалните центрии“, истакна Шукова.  
 

 Sukova_brifing-so_mediumi