Шукова: Приоритет е воспоставување на регионалните системи за управување со отпад

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денес одржа брифинг со претставници на медиумите на кој информираше за актуелните прашања поврзани со животната средина и ги презентираше приоритетите на Министерството, во наредниот период.

Шукова Приоритет е воспоставување на регионалните системи за управување со отпад

Во своето излагање, министерката Шукова информираше за тековните Програми за инвестирање на Министерството за животна средина и просторно планирање и достапноста до средствата обезбедени од Буџетот на Министерството. Исто така, се осврна на анализатаи одговорите на забелешките од Извештајот за даноците во животна средина во функција за ефективно  спроведување на политиките за животна средина на Државниот завод за ревизија кој го опфаќа периодот од 2019 до 2021 година. При тоа, информираше за ненамерната грешка во споменатите суми во интервјуто во емисијата Топ Тема на Телма телевизија. Изнесените суми беа погрешно конвертирани, бидејќи во Извештајот се претставени во денари, а во интервјуто во евра. Првиот износ за ненаплатени побарувања согласно извештајот изнесува 9 милиони 453 илјади денари што претворено во евра изнесува 153 ИЛЈАДИ ЕВРА , а не милиони. Вториот износ за отпишани долгови  изнесува 30 милиони 273 илјади денари, што изразено во евра е 492 ИЛАДИ ЕВРА, а не милиони како што беше наведено од водителот на интервјуто. (предметниот дел се наоѓа на 40 страница од Извештајот).

Шукова Приоритет е воспоставување на регионалните системи за управување со отпад

Шукова Приоритет е воспоставување на регионалните системи за управување со отпад

Министерката Шукова информираше и дека во однос на ненаплатените долгови во период по направената ревизија до денешен ден  Министерството има наплатено повеќе од 50% од побарувањата, а се работеше и на побарувањата постари од 2019 година, при што во соработка со операторите се наплатени повеќе од 37 % од долговите. Имено Министерството согласно позитивната законска регулатива, има разни механизми за сорабатка и наплата на побарувањата што се споменати и во самиот Извештај и што овозможуваат пред се исполнување на законскатата обврска, но и да не се дозволи застарување на побарувањата.  Тоа се опомени до обврзниците,  постапки за порамнување, предлог за утужување доколку не се наплатат,  барање за наплата од стечајни маси од оператори.  Во новиот Закон за контрола на индустриски емисии додадена е ставка која му дава можност надлежниот орган ја одзема дозволата доколку операторот навремено не го плаќа годишниот надоместок.

Министерката одговори на повеќе прашања актуелни во различни области на животната средина.