Mинистерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири беше интервјуиран во утринската програма на МРТ 2, „Разбуди се со нас “

На денешново гостување во утринската програма на МРТ 2, „Разбуди се со нас “, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири беше интервјуиран за повеќе теми. Меѓу другото министерот Изаири зборуваше за активностите на Министерството во однос на климатските промени и националните поготовки за Самитот за клима кој ќе се одржи во Париз кон крајот на 2015 година. Посебен акцент беше ставен на националниот придонес, но и на нашите очекувања од овој голем меѓународен договор за акции за клима.

mtv2     mtv1

Во разговорот се дискутираше и за тековните и идните активности на Министерството во однос на загадувањето на воздухот, потоа за инвестициите и изведбените работи на планираните проекти во однос подобрувањето на квалитетот на водите на целата територија на државата, како и за состојбите и тековните активности во однос на третманот на отпад.