Јавна дебата: Измена на регулативата за урбанистичко планирање – потреба или ризик од корупција

Javna_debata_NurediniМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини говореше на јавната дебата на тема: „Измена на регулативата за урбанистичко планирање – потреба или ризик од корупција“ што се одржа денес во организација на Државната комисија за спречување на корупција.

Од ДКСК нотираа дека предложениот Закон за изменување и дополнување на Законот за урбнистичко планирање отвори некои дилемиво однос на надвладување на приватниот над јавниот интерес при носење на детални урбанистички планови, пренамена на земјиште, нетранспарентност при носењето на нови или при промени на постоечки детални урбанистички планови и спроведување на надзорот. Според ДКСК од суштествено значење за државата е да има силни механизми за контрола на влијанието на заеинтересираните страни во урбаното планирање со оглед што урбанистичкото планирање е само еден сегмент од просторното планирање и од просторниот план на РСМ.

Министерот Нуредини во воведното обраќање се осврна на тесната поврзаност на просторот и планирањето на просторот со остварувањето на заштитата на животната средина.

„Просторното планирање е мултидисциплинарна дејност чија цел е долгорочна проекција за развој на просторот од сите аспекти. Затоа е исклучително важно да се почитуваат постапките предвидени согласно законот и доследно да се применуваат“, нагласи Нуредини најавувајќи ја изработката на нов просторен план кој има траен, интегративен, но и управувачки карактер и кој согласно усвоен акционен план од Владата, би требало да заврши до 2024 година.