Институционални капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина

Институционални капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животнатаЗаменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска учествуваше и говореше на презентација на „Анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина“, изработена од фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за правни истражувања и анализи.

Во своето обраќање, таа истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање напорно работи на продлабочување на соработката со стручните служби на општините задолжени за прашања од областа животна средина, со цел да им помогне во зајакнување на капацитетите, знаењата и разбирањата на законските обврски за нивно доследно спроведување на локално ниво, а во насока на остварување на правото на сите граѓани за здрава животна средина.

 
- Креиравме добри законски решенија усогласени со европското законодавство, но сепак, тоа не е доволно за да обезбедиме заштита на животната средина соодветна на поставените цели и потребите на граѓаните. Важен сегмент во целокупната заштита на животната средина е контролата на спроведувањето на законските обврски во пракса, за што е неопходна добра мрежа на инспекциски служби и на национално и на локално ниво – рече Оџаклиеска, додавајќи дека МЖСПП, како носител на Законот за инспекциски надзор во живoтната средина, кој е во собраниска процедура, во соработка со ДИЖС, локалната самоуправа и ЗЕЛС, ќе го координира процесот на реорганизација на инспекцискиот систем, и ќе даде целосна поддршка во делот на обуки и вмрежување на инспекциите и во подобрување на координацијата на централно и локално ниво.

 
На настанот обраќање имаше и официјалниот претставник на фондацијата „Конрад Аденауер“, Даниел Браун.