Шукова: Треба да воспоставиме унифициран и функционален модел за функционирање, структурирање и финасирање на регионалналните јавни комунални претпријатија

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова одржа работен состанок со градоначалници и претставници на општините од Источниот и Североисточен плански регион  на кој дискутираа за воспоставување модел на функционирање, структурирање и финасирање на Регионалното јавно комунално претпријатие и координацијата на соработката  со општините и општинските комунални претпријатија.Sukova_raboten sostanok_gradonacalnici

За подобра финансиска исплатливост на регионалните комунални услуги и заради групирањето на Планските региони во системите на регионалното управување со отпад, се отвори прашањето за креирање и воспоставување на функционален модел на соработка и управување со отпадот.  Во таа насока, договорена е наредна средба на која ќе земат учество претставници од сите останати плански региони во државата.Sukova_raboten sostanok_gradonacalnici_1Sukova_raboten sostanok_gradonacalnici_2