Благодарница за министерката Шукова за поддршката за еколошката акција „Боренка“

Претставници од Сојузот на извидници на Македонија, денеска и доделија благодарница на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова за несебичната поддршка и соработка при реализацијата на волонтерската еколошката акција за пошумување на опожарените подрачја „Боренка“, која веќе неколку години се спроведува на територијата на нашата држава, во партнерство со ЈП Национални шуми.Blagodarnica

Министерката Шукова се заблагодари за признанието истакнувајќи дека МЖСПП ќе продолжи да дава поддршка за активностите кои ја подигаат свеста кај граѓаните, а особено кај децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на животната средина, глобалното затоплување и превенцијата од пожари.Blagodarnica_Sukova