Шукова оствари средба со италијанскиот амбасадор Силвестри

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска оствари работна средба со амбасадорот на Република Италија во нашата земја, Н.Е. Андреа Силвестри.Sredba-Shukova_Italijanski_Ambasador

На средбата беше истакнато дека продолжуваат добрите билатерални односи меѓу двете земји во полето на заштита на животната средина, а министерката Шукова изрази задоволство од континуираната поддршка на Италија во евроинтегративните процеси на нашата држава.Sredba-Shukova_Italijanski_Ambasador_1

Притоа, се дискутираше за можното потпишување на Меморандум за разбирање за соработка во полето на одржливиот развој помеѓу Министерството за животна средина и енергетска безбедност на Италијанската Република и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република С.Македонија, а како посебна област од интерес се истакна управувањето со отпад на национално ниво и можностите за подобрување на заштитата на природата во националните паркови во државата.Sredba-Shukova_Italijanski_Ambasador_2