Со средства на МЖСПП до средината на декември ќе се исчистат 32 381 кубни метри отпад од 27 диви депонии на целата територија на државата

CistenjeDeponii_1До средината на месец декември ќе завршат активностите за расчистување на 27 диви депонии на територијата на државата, при што вкупно 32 381 кубни метри отпад ќе се транспортира до соодветни локации. Имено, отпадот од 10-те диви депонии што се наоѓаат во општина Росоман во количина од вкупно 1.320 метри кубни, се собира и се транспортира до депонијата „Тенеќе Жица“ во с. Роспоман, општина Росоман која во моментов ја оперира јавното претпријатие наопштината. Потоа се чисти отпадот од 3 диви депонии во општина Шуто Оризари и 6 диви депонии во општина Сарај, во количина од вкупно 6.520 кубни метри и се транспортира до депонијата Дрисла АД, Скопје. Во Полошкиот Регион се чисти отпадот од дивите депонии на две локации – опшина Боговиње, н.м. Камењане, м.в. „Чифлик“ и општина Врапчиште м.в. Пропадиште – Градечки мост, во количина од вкупно 9.500 кубни метри. Истиот се транспортира до депонијата во Русино, о. Гостивар.

Чистење и транспорт на отпадот од 10 диви депонии се спроведува и во општина Дебар, при што отпадот во количина од вкупно 5 471 кубни метри се транспортира до депонијата „Градска Депонија“ на локалитетот Кривци, Дебар, која е оперирана од страна на јавното претпријатие на општината.

Во општина Струмица се чисти отпадот од 2 локации во општина Струмица (с.Муртино и корито на река Тркајна) и истиот во количина од вкупно 9 570 кубни метри се транспортира до депонијата Добрашинци, о. Василево, која се оперира од страна на јавното претпријатие на општина Струмица.

Активностите имаат за цел отстранување на нелегално депонираниот комунален отпад во овие општини, расчистување и порамнување на локациите од каде бил отсранет и транспорт на отпадот на контролирани локации за депонирање на отпадот. Овие локации иако не ги исполнуваат условите за стандардни депонии, сепак во моментов се користат и се контролирани локации од страна на општините. Отстранетиот отпад на контролираните локации ќе биде компактиран и покриен, со што ќе се минимизира неговото фугитивно влијание врз живитната средина.