Состанок во Скопскиот плански регион за изработка на Просторен план

На координативниот состанок во Скопскиот плански регион  беше презентирана методологијата за изработка на Просторниот план на Република Северна Македонија, како плански документ од највисоко национално значење и подготвителните активности за негова изработка.

Според заменик министерката Оџаклиеска, во процесот на изработка на Просторниот план активно треба да се вклучат и единиците на локалната самоуправа кои ќе ги обезбедат потребната документација, податоци и информации, со цел да се изработи план кој ќе придонесе во напорите за постигнување на рамномерен регионален развој во државата.