Се унапредува размената на катастарски, просторни податоци и податоци од националниот информативен систем за животна средина

  Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и директорот на Агенцијата за катастар на недвижности,  д-р Борис Тунџев, денес, потпишаа  Меморандум за соработка помеѓу двете институции, во областа на геодетско- катастарскиот информациски систем, националната инфраструктура на просторни податоци и националниот информативен систем за животна средина, како и размена на знаење и искуства и меѓусебна техничка поддршка.

катастар 1Агенцијата за катастар на недвижности ќе обезбеди обуки за вработените на Министерството за животна средина и просторно планирање за пристап и користење на сервисите што истата ги нуди.

катастар 3Соработката помеѓу двете институции ќе овозможи заедничко учество и претставување на локално, регионално и  меѓународно ниво.

катастар 2

Се унапредува размената на катастарски, просторни податоци и податоци од националниот информативен систем за животна средина