МЖСПП: Да не се шират дезинформации за Чебрен

Тендерската постапка за доделување на концесија за ХЕЦ Чебрен кој што е инфраструктурен проект од исклучителна важност за државата,  е се уште во тек. Од таа причина Министерството за животна средина и просторно планирање ја  замолува јавноста и медиумите да не се шират дезинформации и да не се пренесуваат погрешно изјави поврзани со овој процес, од технички, правен или финансиски аспект.

По завршувањето на процесот јавноста благовремено ќе биде информирана.