Работна средба со градоначалниците на Источниот  и северо-источниот плански регион

Министерката Шукова денес оствари работна средба со  градоначалниците и директорите на нивните јавни комунални претпријатија на општините Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци. На средбата се разговараше за тековните активности за чистење на дивите депонии и за напредокот во воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Северо-источниот Регион.Sredba_Sukova_Gradonacalnici_istocen_severoistocen_region

Се разменија информации за предизвиците со кои се соочуваат локалните власти и се дискутираше за предлог мерките за надминување на истите со цел целосно воспоставување и функционирање на регионалниот сиситем за управување со отпад во овие региони.Sredba_Sukova_Gradonacalnici_istocen_severoistocen_region_1

Исто така, се разговараше и за можноста општините да аплицираат на отворениот повик на Министерството за животна срдина и просторно планиарње за набавка на опрема потребна за реализација на овие активности.Sredba_Sukova_Gradonacalnici_istocen_severoistocen_region_2