Проширено делување на ПОНТ во Охридскиот регион

Проширено делување на ПОНТ во Охридскиот регионЗаменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, вчера, учествуваше на националната консултативна средба за нацрт стратешката рамка подготвена од страна на Фондот за природа „Преспа – Охрид“ (ПОНТ), со цел проширување на неговото делување во Охридскиот регион.

- Заштитата на подрачјата кои поседуваат природни реткости и вредности има голем придонес за социо-економскиот развој во земјата. Денешниот настан за проширувањето на делувањето на ПОНТ во Охридскиот регион преставува можност сите засегнати страни, вклучувајќи ги државните органи и општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебрца, сите релевантни граѓански организации кои спроведуваат активности во поширокиот Охридски регион и други заинтересирани страни да дискутираат и дадат свои забелешки и коментари по однос на нацрт стратешката рамка – истакна заменик министерката Оџаклиеска во своето воведно обраќање.

Таа додаде и дека со проширувањето на делувањето на ПОНТ во поширокиот Охридски регион ќе се постигне прогрес во однос на заштитата и управувањето со заштитените подрачја и нагласи дека особено е важна поддршката на субјектите за управуваање со заштитените подрачја во нашата држава, кои денес зафаќаат површина од околу 13.47 % од националната територија.

На настанот беа презентирани приоритетните акции на нацрт -стратешката рамка на поширокото охридско подрачје, беа споделени искуствата од поддршката на PONT за преспанскиот регион и ПОНТ беше претставен како нетрадиционален механизам за финансиска поддршка за заштита на биолошката разновидност.

Обраќање имаше и извршниот директор на Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ), Миријам де Конинг.

Соработката помеѓу МЖСПП и ПОНТ започна во 2018 година со потпишување на Рамковен договор помеѓу Фондот за природа Преспа-Охрид (ПОНТ) и Министерството за животна средина и просторно планирање. Успешната соработка со ПОНТ резултираше со финансиска помош на ПОНТ во валоризација на природното наследство и изработка на планови за управуваање со заштитени подрачја, како што се случаите со НП Пелистер, НП Галичица, Споменик на природа (СП)-Вевчански Извори и СП Преспанско Езеро.