Продолжува соработката со Швајцарската Влада во животната средина

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со Амбасадорката на Швајцарска Конфедерација во нашата земја Н.Е. Вероник Хулман Марти.sredba_Sukova_ambasador Svajcarija

Се разговараше за начините за надминување на предизвиците при реализација на тековните проекти, а се разгледуваа и резултатите и функционалноста на завршените проекти. sredba_Sukova_ambasador Svajcarija1

Амбасадорката Хулман на средбата истакна дека поддршката од страна на Швајцарската влада е насочена, меѓу другото, и на инфраструктура и животна средина, конкретно на заштита на природата, третманот на отпадни води и управување со цврст отпад.

Таа, исто така изрази поддршка и задоволство за долгорочниот пристап за наоѓање соодветни решенија во исполнување на критериумите на ЕУ во областа на животната средина. Имено, како главни предизвици ги предочи градење на капацитетите на Министерството за животна средина и просторно планирање и имплементација и извршување на законите.  sredba_Sukova_ambasador Svajcarija2

Министерката Шукова изрази почит и благодарност за поддршката што Швајцарската влада ја дава за подобрување на целокупната заштита на животната средина, како еден од најголемите донатори во оваа област, и ја информираше амбасадорката за долгорочните цели на министерството, како и за планираните реформски мерки во овој ресор.