Заменик министерката Оџаклиеска викендов во Кавадарци на „Тиквешки гроздобер“

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска викендов беше во посета на Кавадарци каде присуствуваше на овогодинешната традиционална манифестација „Тиквешки гроздобер 2023“.

Во рамки на настанот, а на покана на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, таа го посети „Винскиот музеј за регионот Тиквеш-Кавадарци“, кој е и единствен музеј од тој вид во нашата земја.

Исто така, заменик министерката Оџаклиеска го проследи карневалското дефиле во центарот на градот, во чии рамки многубројни групи од земјава и од странство презентираа најразлични маски. Пред многу бројните посетители симболично беше откинат и првиот грозд, со што започнува масовната берба на грозјето.