Презентирани резултатите од Студијата за справување со загадувањето на воздухот во град Скопје

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со амбасадорката на Шведска во РСМ, Н.Е. Кристин Форсгрен Бенгтсон, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и постојаниот претставник на УНДП во Северна Македонија, Армен Григорјан, денес учествуваа на настанот каде што беа презентирани резултатите од Студијата за пропорционирање на загадувачите на воздухот во градот Скопје.

Rezultati_Studija_zagaduvaci_vozduh

- Задоволен сум што со изработката на студијата „Справување со загадувањето на воздухот во град Скопје“, чии резултати се презентирани денес, се покажа сериозно вклучување и на научната заедница која и врз научна основа потврди дека изворите на загадувањето се речиси идентични со оние што ние ги земавме како основа при креирање на мерки и политики – рече министерот Нуредини, истакнувајќи дека во однос на аерозагадувањето во главниот град Скопје, неопходен е сериозен пристап во замената на начините на затоплување, што поитна гасификацијата, потоа поголема енергетска ефикасност и заштеда на енергијата, што се условени и со современите економски трендови, но и воведување на подобрени сообраќајни режими и обезбедување на функционален еколошки јавен транспорт, со што ќе се намали користењето на сопствени возила.

Rezultati_Studija_zagaduvaci_vozduh_1

Со подобрената регулатива, зголемените обврски на локално ниво за изработка на планови за намалување на загадувањето на воздухот и преземање на интервентни мерки, со унапредување на државниот мониторинг систем за квалитет на воздухот, но и со појасни обврски и одговорности согласно новиот Закон за инспекциски надзрр и Закон за индустриски емисии, МЖСПП очекува уште повидливо подобрување на квалитет на воздухот.