ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА РАБОТИЛНИЦА ЗА НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со Македонското еколошко друштво, организираат работилница за презентирање на работната веризја на нацрт- закон за просторно планирање на Република С. Македонија, како дел од проектот ,, Подобрување на поврзаноста кај Балканскиот зелен појас’’. Работилницата ќе се одржи на 20 декември 2023 година во Клуб на пратеници, Скопје, со почеток од 10:00 часот. Целта на работилницата е да се претстави и дискутира содржината на нацрт- законот со релевантни стручни лица од областа на просторното планирање, а во насока на изготвување добар и солиден нацрт- закон за просторно планирање.

По повод наведениот настан, Ве покануваме да земете учество на работилницата и со вашето присуство во голема мера да придонесете во нејзина успешна реализација.

Воедно, Ве замолуваме вашето учество на работилницата со номинација на најмалку двајца претставници да го потврдите по електронски пат на stojanov@mes.org.mk најдоцна до 15.12.2023.

Во прилог е дневниот ред од настанот .