Поздрава животна средина и намалени климатски промени – заеднички предизвик на националните власти и дипломатските претставништва

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова оствари средба со заменик раководителот на Мисијата на Обединетото Кралство во република Северна Македонија, Јулија Смит, на која се разговараше за импресиите и искуствата од завршената Конференција на страните кон Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени, која се одржа минатиот месец во Дубаи, ОАЕ.

1 - Поздрава животна средина и намалени климатски промени-заеднички предизвик на националните власти и дипломатските претставништваНа состанокот министерката Шукова информираше за активностите на македонската делегација на конференцијата и за следните активности во насока на исполнување на заклучоците од конференцијата.

2 - Поздрава животна средина и намалени климатски промени-заеднички предизвик на националните власти и дипломатските претставништваЗаеднички беше констатирано дека справувањето со климатските промени и грижата за здрава животна средина претставува предизвик за сите и дека тоа побарува активности во многу меѓусебно поврзани сектори, како и високо ниво на свест, за што ќе продолжи и ќе се продлабочи соработката.

3 - Поздрава животна средина и намалени климатски промени-заеднички предизвик на националните власти и дипломатските претставништва